Поврат и рекламации

Условите под кои можете да извршите поврат, замена или рекламација

Оваа политика ги дефинира условите под кои можете да извршите поврат на купените производи од organicmimi.mk, во согласност со Законот за заштита на потрошувачите на Република Северна Македонија.

Право на откажување

Согласно Законот за заштита на потрошувачите, имате право да го откажете договорот за купување без наведување на причина во рок од 14 (четиринаесет) дена од денот на приемот на производот.

Услови за поврат

За да биде прифатен поврат, производот мора да биде:

  • Некористен и во оригиналниот изглед во кој бил испорачан
  • Во оригиналното пакување, со сите етикети и сигурносни печати
  • Не оштетен од страна на корисникот
  • Со приложен фискален документ како доказ за купувањето

Согласно закон, не се прифаќа поврат на распакувани козметички производи од хигиенски причини, освен ако производот е оштетен, неисправен или не одговара на описот.

Постапка за поврат

  1. Контактирајте нè на info@planplus.com.mk или 02 3100 500 во рок од 14 дена од приемот.
  2. Во пораката наведете го бројот на нарачка, името на производот и причината за поврат.
  3. Ќе добиете потврда и инструкции за враќање на производот.
  4. Производот спакувајте го безбедно и испратете го на адресата што ќе ви ја доставиме.
  5. По приемот и проверката, ќе ве известиме за статусот на повратот.

Трошоци за враќање

Трошоците за враќање на производот ги сноси корисникот, освен во случаите кога производот е оштетен, неисправен или погрешно испратен.

Поврат на средства

По одобрување на барањето, паричните средства ќе ви бидат вратени на истата платежна картичка со која е извршено првичното плаќање, во рок од најмногу 14 дена од одобрувањето. Времето на евидентирање на средствата на сметката може да зависи од политиката на банката-издавач (обично 3–10 работни денови).

Оштетени или неисправни производи

Доколку добиете оштетен или неисправен производ, контактирајте нè во рок од 48 часа од приемот, со фотографија на оштетувањето. Ќе организираме замена или целосен поврат на средствата, вклучително и трошоците за достава.

Производи кои не подлежат на поврат

  • Распакувани козметички и хигиенски производи
  • Производи со повредени сигурносни печати или оштетено оригинално пакување
  • Подароци и промотивни производи добиени бесплатно

Рекламации

За сите рекламации поврзани со квалитетот на производот, контактирајте нè на info@planplus.com.mk. Сите рекламации ќе бидат разгледани во рок од 8 (осум) дена.

Контакт