Испорака и плаќање
Сè што треба да знаете за нарачката, доставата и начините на плаќање
Понудата и цените на нашата страна се ажурираат на дневно ниво. Сите цени се изразени во денари со вклучен ДДВ. Цените важат во моментот на креирање на нарачката.
Рок и подрачје на испорака
Производите порачани преку organicmimi.mk се испраќаат во рок од 3 до 5 работни денови од моментот на прием на нарачката. Во случај на ограничена залиха, ќе бидете телефонски контактирани.
Пратките без оставени лични податоци и контакт не се испорачуваат, бидејќи не се прифаќаат од службите за достава.
Испораката се врши исклучиво на територијата на Република Северна Македонија.
Достава
Кога нарачката ќе биде предадена на курирската служба, ќе добиете email известување. Курирот пратките ги испорачува денот после преземањето, во период од 8 до 18 часот. На денот на испораката ќе добиете SMS известување од курирот.
Курирот двапати ќе се обиде да ја врачи пратката. Доколку и вториот обид не биде успешен, пратката се враќа кај нас и ние ќе ве контактираме за повторно испраќање.
При преземање, визуелно прегледајте го пакувањето. Доколку транспортната кутија е значително оштетена, одбијте го приемот и веднаш известете нè.
Трошоци за достава
Трошоците за достава се пресметуваат автоматски во кошничката пред потврдувањето на нарачката.
Начини на плаќање
Вашата нарачка можете да ја платите :
- Со платежна картичка — Visa, Mastercard или Maestro при нарачка
При плаќање со картичка, автоматски ќе бидете префрлени на безбедната страна на банкарскиот процесор каде ги внесувате податоците. Сите податоци се шифрирани од вашиот пребарувач до банката-издавач. Нашата продавница не доаѓа во контакт со податоците од вашата картичка.
При плаќање со картички со 3D Secure програмата, вашата банка ви испраќа OTP код кој треба да го внесете во соодветното поле.
Контакт
- Email: info@planplus.com.mk
- Телефон: 02 3100 500